Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8 % ги оствариле домашните туристи, а 68,2 % странските.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8 %. Кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 9,6 %.
Вкупниот број на ноќевањата, пак е зголемен за 0,9 %. Кај домашните туристи има намалување за 3,8 %, а кај странските зголемување за 7 %.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32.950, од Србија 8.830, од Германија 6.615 и од Полска 3.577.






