Двајцата соговорници истакнале дека оваа година се одбележуваат две значајни годишнини, 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Србија и 80 години од населувањето на Македонци во српската покраина Војводина.
Акцентот во разговорот бил ставен на постигнатото интензивирање на економската и културната соработка, како и на зајакнување на врските во областите на инфраструктурата и енергетиката. Било оценето дека неодамнешното отворање на Конзулатот на Македонија во Панчево е важен елемент во зајакнувањето на севкупните односи.
Козарев рекол дека Србија останува цврсто посветена на духот и целите на иницијативата „Отворен Балкан“, нагласувајќи дека таа претставува еден вид „мини Шенген“ на патот кон целосно пристапување кон Шенген зоната. Соговорниците се согласиле дека двете земји во регионот се најблиску до ова, бидејќи најмногу напреднале во процесот на меѓусебна интеграција, како и во укинувањето на сите контроли и ограничувања.
Важна тема на разговор била и европската интеграција. Била истакната и меѓусебната поддршка за европскиот пат, заедно со подготвеност за понатамошна размена на искуства и продлабочување на соработката во оваа област.






