Претходно од МВР и од Царинската управа апелираа до возачите да не го користат овој граничен премин бидејќи од другата страна има пожар, кој се раширил и на делови од патот кон Солун.
Грчките власти попладнево информираа дека „делумно е обновена работата на царинската испостава Евзони, каде што од попладневните часови не беше дозволено преминување на возила од и од грчка територија, поради пожар што избувна во близината на границите на Грција и Северна Македонија“.
Според последните информации од надлежните органи на Грција, по подобрувањето на состојбата со пожарот, сега сообраќајот за влез во Грција се одвива нормално, но само за автомобили.
„Излез од Грција преку овој премин не е дозволен бидејќи патот ПАТЕ останува затворен, од надвозникот кај Поликастро до царинската испостава. Оние патници што сакаат да се упатат кон соседната земја треба да ја изберат царинската испостава Дојрани“, се вели во соопштението на грчките власти, кое го пренесува ЕРТ.гр.






