Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година е различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи, ресторани и хотели за 7,2 проценти, рекреација и култура за 6,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 5,2 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 3,7 проценти, облека и обувки, здравје за 3,1 процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8 проценти, комуникации за 1,3 проценти, транспорт за 0,8 проценти и образование за 0,1 процент.
ДЗС појаснува дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите, транспорт за 5,8 проценти, рекреација и култура за 0,8 проценти, здравје за 0,7 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, ресторани и хотели за 0,4 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти, разновидни стоки и услуги, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.
Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот има во групите, храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и облека и обувки за 0,2 проценти, а во образование и комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.
ДЗС соопшти дека индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4,1 процент, а кај индексот на цените на мало има пораст од 3,7 проценти.
Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 101,9, наведува ДЗС.






