Телата се испратени на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Миљан Ќ., познат под прекарот Итри, од Ниш бил наводен предводник на меѓународна организирана криминална група која транспортирала големи количини кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.
Истражните органи во Боливија, со поддршка на меѓународните полициски служби, работат на расветлување на случајот, кој според првичните информации е поврзан со меѓународни нарко-картели и криминални пресметки.
Телата во пластични кеси биле пронајдени вчера рано наутро во зграда во градот Санта Круз де ла Сиера.
Боливиската полиција за овој случај веќе приведе три осомничени лица.






