петок, 27 март 2026

Тројката родена во клиниката „Жан Митрев“ добро напредува и расте

Трите предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат, по околу два и пол месеци од нивното раѓање се во добра општа состојба, активни се и нивниот раст и развој одговара на нивната возраст. Тие добро напредуваат и растат, а радоста на нивните родители е најголема потврда за успешната грижа што ја добиваат во клиниката „Жан Митрев“.

Објавено на

часот

Сподели

На 4 јуни 2025 година, во клиниката „Жан Митрев“ беа донесени на свет овие три бебиња во 31-та гестациска недела, од природно зачната тројна бременост – реткост што во светски рамки се јавува во 1 на 8000 случаи. Со нивното раѓање официјално започна со работа Одделот за неонатална интензивна нега (NICU).

Новороденчињата по раѓањето добија неинвазивна респираторна поддршка, а нивните витални параметри беа внимателно следени од мултидисциплинарен тим неонатолози, гинеколози-акушери, акушерки и сестри, со примена на најсовремени протоколи и опрема.

{“AIGC”:{“ContentPropagator”:”001191441900557262083U10400″,”Label”:”1″,”ReservedCode1″:””,”ProduceID”:”5425dc12-c80f-493b-976d-76c538270215″,”ReservedCode2″:””,”PropagateID”:”5425dc12-c80f-493b-976d-76c538270215″,”ContentProducer”:”001191441900557262083U10400″}};

Денес, нивното успешно закрепнување е резултат на континуираната грижа и следење. Во Центарот за мајка и бебе секое новороденче добива бесплатно четири контроли во текот на првиот месец, со можност за дополнителни прегледи и консултации по потреба. Родителите се советувани да го следат растот и развојот на децата, редовно да посетуваат контроли, да внимаваат на исхраната, стимулацијата и заштитата од инфекции. Посебно е нагласена важноста на редовната вакцинација и психомоторниот развој.

„Мелис, Мира и Малахат се наши мали херои и симбол на надеж, љубов и сила. Нивната приказна е доказ дека со знаење, искуство и современа технологија можат да се надминат и најголемите предизвици,“ велат од Центарот за мајка и бебе.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ