понеделник, 15 декември 2025

Тројка во клиниката „Жан Митрев“

Мелис, Мира и Малахат, трите предвремено родени бебиња во клиниката „Жан Митрев“, по неколку недели поминати во Центарот за мајка и бебе, денеска си заминуваат дома.

Објавено на

часот

Сподели

Тројката се роди на 4 јуни 2025, од природно зачната бременост, што е реткост во современата медицина. Родени со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31 гестациска недела, новороденчињата се во стабилна состојба и подготвени да си одат во својот дом.

Ова породување претставуваше не само медицински успех, туку и симбол на надеж, живот и хуманост. Доаѓањето на свет на Мелис, Мира и Малахат за клиниката е огромна радост, но и потврда дека можат да се надминат и најголемите предизвици кога ќе се соединат знаењето, искуството и современата технологија.

filter: null; fileterIntensity: null; filterMask: null; captureOrientation: 0;
runfunc: 0; algolist: 0;
multi-frame: 1;
brp_mask:0;
brp_del_th:0.0000,0.0000;
brp_del_sen:0.0000,0.0000;
motionR: 0;
delta:1;
bokeh:0;
module: portrait;hw-remosaic: false;touch: (-1.0, -1.0);sceneMode: 12582912;cct_value: 0;AI_Scene: (-1, -1);aec_lux: 209.4112;aec_lux_index: 0;albedo: ;confidence: ;motionLevel: 0;weatherinfo: weather?Sunny, icon:0, weatherInfo:101;temperature: 36;zeissColor: bright;

Со ова породување и официјално започна со работа Одделот за неонатална интензивна нега (NICU) во клиниката „Жан Митрев“.

Во последните три децении, стапката на повеќеплодови бремености е зголемена за 70%, а тројните бремености по природен пат, како оваа, се вистинска реткост и во светски рамки се појавува во 1 на 8.000 случаи.

Центарот за мајка и бебе при клиниката на мајката Мубеџел Бектешова од Скопје ѝ посакува брзо закрепнување, а на Мелис, Мира и Малахат живот исполнет со љубов, здравје и сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ