сабота, 13 декември 2025
Локални избори 2025

Тројца пратеници станаа градоначалници, Собранието треба да констатира престанок на мандатите

До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник.  Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и 2 ноември.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува на денешната седница на Собранието, прва по вчерашниот втор круг од локалните избори, да биде констатиран престанок на нивниот пратенички мандат. Пред пратениците на седницата треба да се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.

На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ