четврток, 24 април 2025

Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Бугарија

Тројца од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болниците во Пловдив и Варна се пуштени на домашно лекување, пренесе БТА.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од пациентите беше хоспитализиран на Универзитетската болница „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив, а двајца на Воено-медицинската академија во Варна.

Во болницата во Варна на лекување останува уште еден пациент, а во софиската болница Пирогов се уште четворица повредени.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани на 16 март животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата Пирогов, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ