Под нивно крило се наоѓаат три имиња што стануваат сѐ поприсутни: Sixt, глобалниот бренд за рента-кар услуги кој веќе две децении овде нѐ спасува со модерни, нови возила за викенд бегство или деловно патување; Geely, кинески бренд што сѐ повеќе асоцира на нешто елегантно, урбано и технолошки напредно како и Lynk&Co, уште еден кинески бренд кој е спој на стил, технологија и луксуз, а веќе не го гледаме само на странски ревии, туку како дел од нашето секојдневие, тука во Македонија. На сето ова се надоврзуваат и нивните салони кои изгледаат како сцена од футуристички филм, ама со љубезност на ниво на локален маалски сервис.
И кога велиме дека овие брендови креваат врева, не мислиме само локално. Овие месеци пристигнаа и сериозни признанија од светот – Sixt Македонија ја доби глобалната награда за 20 години извонредност, Geely освои престижно „Златно тркало“ за најдобар градски автомобил (и тоа како прв кинески бренд што го постигнал ова), а салонот на Geely тука кај нас е прогласен за најдобар Geely салон во светот. Да, светот.
Тоа не значи само дека имаме квалитетна македонска компанија, туку дека Македонија има што да каже и покаже, дури и на мапата на глобалната автомобилска индустрија. И сето тоа без преголеми зборови и вештачки сјај, туку со конкретни возила, реални искуства и стандарди што не заостануваат зад европските.
Делфино не се обидува да биде тренд, тие веќе се. А ако вака изгледа првата половина од 2025 година, искрено, нѐ интересира што подготвуваат за втората.
Комерцијален текст