четврток, 17 јули 2025

Трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички утре ќе затвори улици во Скопје

СВР Скопје соопшти дека утре од 17 до 18 часот ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради одржување ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички.

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

-Трката ќе почне со стартна позиција од Порта Македонија, десно по должина на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, соопшти СВР Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ