сабота, 14 март 2026

Триста млади багреми од планинарите на „Осоговски орел“ за сеќање на 63-те жртви во „Пулс“

Во спомен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, КПС „Осоговски орел“ – Кочани денеска реализираше акција за пошумување во месноста Пресечена скала. 

Објавено на

часот

Сподели

„На неодамна опожарен терен над фабриката за вода засадивме 300 млади багреми, во сеќавање на сите што ги изгубија животите во „Плус“, меѓу кои се и нашите членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев“, соопштуваат од КПС „Осоговски орел“.

Со оваа еколошка и хумана иницијатива, од КПС „Осоговски орел“ испратија порака дека споменот на настраданите ќе продолжи да живее и преку дела што создаваат нов живот и ја обновуваат природата. По завршувањето на пошумувањето, беше реализирано и пешачење на релацијата од Пресечена скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Рекреативците поминаа патека долга осум километри.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ