вторник, 17 март 2026

Трипуновски: Земјоделците искористија над 80 проценти од поддршката „зелена нафта“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека нафтата претставува еден од главните двигатели на земјоделското производство.

Објавено на

часот

Сподели

„Во делот на земјоделското производство, точно е дека нафтата е еден од главните двигатели на процесот. Но морам да потенцирам дека ние како Влада минатата година согласно годишната програма набавивме една сериозна сума на картички за ‘зелена нафта’, која за разлика од 2024 година беше зголемена за 100 отсто“, нагласи министерот Трипуновски, во Дневникот на Алсат ТВ.

Трипуновски истакна дека за оваа намена бил склучен договор за над 500 милиони денари со една од компаниите, којашто снабдува нафтен дериват и картичките се поделени на македонските змејоделци.

„Согласно последните податоци што ги имаме од Платежната агенција, е дека над 80% од оваа зелена нафта којашто е поделена е искористена“, информира министерот.

Тоа, како што кажа, значи дека најголем дел или над 80 проценти од нафтата е набавена по онаа претходна пониска цена која што беше, затоа што најголемиот дел од земјоделските активности се во текот на есенскиот период.

Во моментов, земјоделските активности се насочени кон пролетната прихрана и заштита на посевите од штетници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ