Според него, со оглед дека сè уште трае откупот, се очекува бербата да заврши со над 110 милиони килограми винско грозје.
„Зголемувањето на приносот се должи на тоа што преку АД „Водостопанство“ се обезбеди навремена и доволна количина вода за наводнување. Ние за овие над 110 милиони килограми винско грозје, ако земеме просечна цена од 0,30 евроценти, значи некаде околу 33 милиони евра, ќе влезат директно кај македонските производители. Клучот на успехот лежи не само во зголемувањето на откупните цени, туку и во истовремено зголемување на квантитетот на производството на грозје“, рече Трипуновски во поткастот „Проверитас”.






