Како што информираше во изјава за медиумите, заклучно со вчера, биле откупени над 78 милиони килограми винско грозје. Од тоа, 35 милиони црно, околу 40 бело, плус тоа што било извезено надвор од државата. Министерот истакна дека имало зголемување на произведените количини грозје оваа година, што било и заложба, да се зголеми приносот. Тој подвлече дека тоа радува, а било резултат на тоа што наводнувањето на земјоделските површини било навремено.
Трипуновски рече дека будно се следи состојбата на терен со откупот на винското грозје. Така ќе се продолжело и во иднина, за да се избегнеле какви било евентуални манипулации при откупот на грозје.






