четврток, 26 февруари 2026

Трипуновски: Опозицијата манипулира, нема да има кратење на субвенциите

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на собраниската седница за пратенички прашања.

Објавено на

часот

Сподели

Целта, посочи министерот Трипуновски, е поддршката од државата да заврши кај вистинските земјоделци.

Трипуновски ги претстави новитетите во програмата посочувајќи дека има зголемување на минималните прифатливи прагови за користење  на земјоделски субвенции.

„Поткревањето на праговите нема да се случи веднаш во првата година од воведувањето на Програмата, туку во наредните две години, направена е посебна мерка во Програмата  и сите корисници кои не ги исполнуваат праговите ќе имаат период од максимум две години да  ги исполнат и да влезат во повисока категорија“, рече Трипуновски.

Со тоа, дополни, паѓа во вода манипулацијата на опозицијата дека ќе се намалат субвенциите за малите корисници и дека ќе останат без финансиска поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ