петок, 20 март 2026

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор

Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој заедно со својот тим ја продолжи теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, во општина Росоман.

Објавено на

часот

Сподели

Трипуновски, како што соопшти МЗШВ, ги посетил населените места Трстеник и Росоман, каде директно разговарал со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози.

„Целта на овие активности е преку комуникација да се слушнат размислувањата, идеите и сугестиите на земјоделците, како и да се разговара за актуелните политики и идните насоки за развојот на земјоделството“, истакнал министерот.

Тој посочил дека во комуникација со размена на искуства, сугестии и идеи е подобро да се градат идните чекори кои што ќе ги води Министерството.

Трипуновски додал дека општина Росоман е земјоделски регион со над 3.000 хектари обработлива површина и повеќе од 2.500 корисници и баратели на земјоделска поддршка, што е еден од показателите дека Росоман има сериозен потенцијал во делот на земјоделското производство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ