сабота, 21 март 2026

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје

Годинава ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешната посета на Општина Неготино во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој регион.

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од производството е насочено кон лозарството, по што овој регион е препознатлив“, истакна Трипуновски.

Тој додаде дека целта на посетата е директна комуникација со земјоделците, како и презентирање на актуелните политики на Министерството и истакна дека ваквите средби се клучни за креирање на идните политки во агросекторот.

„Се наоѓаме во делот на Тиквешијата, регион што е познат по квалитетот на македонското грозје. Регион каде што се произведува македонско квалитетно вино, кое е барано надвор од нашите граници“, посочи Трипуновски.

Тој нагласи дека минатата година беше успешна, имаше берба со над 120 милиони килограми македонско грозје. Оваа година, како што кажа, очекува да биде уште поуспешна затоа што се работи на системите за наводнување, за да има навремена количина на вода, системите се санираат за да бидат во полна функција. Како министерство продолжуваме посветено да работиме, потенцира Трипуновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ