Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.
„Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи“, посочи тој.
„Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме“, појасни министерот Трипуновски.
Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема за да се елиминираат можностите за злоупотреби.






