среда, 1 април 2026

Трипуновски: Гевгелија е пример како се развива земјоделството

Во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, предводена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вечерва пред гевгелиските граѓани беа претставени актуелните политики и мерки за поддршка на земјоделското производство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакнаа од ресорното Министерство, на трибината се разговарало за предизвиците, но и за можностите за дополнителна поддршка, за стабилно, конкурентно и одржливо македонско земјоделство.

„Гевгелија е пример како се развива земјоделството. Согласно податоците имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства, со над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште. Минатата година за мерката „зелена нафта” аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна поддршка од близу осум милиони денари“, истакна министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски и додаде дека токму овие бројки се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи.

Главна цел на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ е остварување на директна комуникација со земјоделците и претставување на земјоделските мерки и политики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ