„Можам да ви кажам дека годишните одмори на инспекторите во периодот на откупот на грозје се стопирани за да бидат присутни на терен и да го набљудуваат откупниот процес“, појасни министерот за ТВ КТВ.
Тој посочил дека нема да има отстапки. Потенцира дека се работи за да се почитуваат сите правила при откуп на грозјето. Во своето гостување министерот истакна дека во изработка е и Законот за жестоки пијалоци.
„Формирана е работна група која ќе треба да се произнесе со Закон за жестоки пијалоци, кој ќе ги затвори прашањата кои се актуелни низ годините наназад“, истакна министерот Трипуновски.
Министерот, говорејќи за Законот за жестоки пијалоци, посочи дека ќе има и измени во Законот за вино. Според него, измените кои се прават во Законот за вино ќе бидат прифатливи и за лозарите и за винарските визби.
„Не сакаме да донесеме закон на брза лента кој ќе донесе само комплицирање на процесите. Она што ќе го донесеме ќе биде решавање на проблемите кои од минатото се наследени, т.е. ставање на крај на сите отворени прашања“, посочи тој.






