Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на друштвото и претставува распределба на 50% од нето-добивката на групацијата Триглав за 2025 година. Се очекува известувањето за свикување на овогодинешното Годишно собрание на акционери на заваровалница Триглав да биде објавено на 23 април, а Годишнто собрание е закажано да се одржи на 2 јуни.
Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на заваровалница Триглав, изјави: „Наша цел е да обезбедиме акцијата на Триглав да остане стабилна, профитабилна и сигурна инвестиција што ги исполнува очекувањата на акционерите, вклучително и преку нејзиниот дивиденден принос. Оваа година, предложивме распределба на дивиденда во износ еднаков на половина од минатогодишната консолидирана нето-добивка, што е во согласност со дивидендната политика. Во моментов, тоа претставува приближен дивиденден принос од 4,8% на акцијата ZVTG, што е над просекот за европските осигурители. Овој предлог, на избалансиран начин ги зема предвид сите цели на дивидендната политика, вклучително и остварувањето на високите амбиции во однос на развојот и растот на групацијата Триглав во стратешкиот период. Истовремено, ќе продолжиме да обезбедуваме капиталната адекватност на групацијата Триглав да остане во рамки на целниот опсег на среден рок, бидејќи таа претставува основа за успешно работење и сигурност на нашите клиенти. Сметаме дека предложената дивиденда овозможува развој на групацијата Триглав во посакуваната насока, а притоа продолжува да ги исполнува очекувањата на акционерите.“
Предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор во однос на овогодинешната дивиденда е во согласност со дивидендната политика и политиката за управување со капиталот на групацијата Триглав. Тој ѝ овозможува на заваровалница Триглав да одржува соодветно ниво на капитал потребно за обезбедување на целната среднорочна капитална адекватност, паралелно со континуиран раст на работењето. Воедно, настојува да ги исполни очекувањата на акционерите што произлегуваат од дивидендната политика, остварените деловни резултати и деловниот развој на заваровалница Триглав. Доколку капиталните барања на заваровалница Триглав се зголемат во иднина, ќе се постапува во согласност со усвоената политика за управување со капиталот.
Надзорниот одбор го одобри ревидираниот Годишен извештај на групацијата Триглав и на заваровалница Триглав за 2025 година, кој, во согласност со финансискиот календар, ќе биде објавен во понеделник, 30 март. Се очекува Друштвото на 23 април да го објави свикувањето на редовното Годишното собрание на акционери, кое е закажано да се одржи на 2 јуни.
Комерцијален текст






