понеделник, 29 декември 2025

Триглав осигурување на нова локација во Скопје

Триглав осигурување АД Скопје информира дека од денеска продолжува со работа во нови, современи простории, на бул. 3-та Македонска Бригада бр. 36, комплекс Порта Супериум.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Новиот деловен објект овозможува  современи услови за работа, функционална организација на просторот и соодветна достапност за клиентите и деловните партнери, сè со цел да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Притоа, ги задржуваме високите стандарди на професионалност, сигурност и доверба, по кои што сме препознатливи”, изјави Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав осигурување.

Тековното работење на компанијата продолжува континуирано, при што сите услуги, контакти и канали за комуникација остануваат непроменети. Со изборот на новото седиште, Триглав осигурување демонстрира јасна визија за иднината – визија, која што се темели на стабилност, функционалност и ориентираност кон клиентите, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ