вторник, 24 февруари 2026

Триесетина камиони заглавени на ГП Ќафасан поради свлечиште на пат во Албанија

Блокадата на патниот правец Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а десетици товарни возила се принудени да чекаат неколку дена за да ја преминат границата, објавија медиумите во Албанија.

За патнички моторни возила се препорачува движење по споредни патишта, но се препорачува и голема внимателност.

„Надлежните служби во соработка со службите од соседните земји, работат на изнаоѓање решение  со можност транспортните возила да може да поминуваат преку граничниот премин Блато кај Дебар, за влез и излез од македонска и албанска страна и преминот Какавија со Грција“, наведуваат медиумите.

Агенцијата за патишта објави дека според првите процени неопходна е изградба на нов мост и зафат кој ќе трае подолго за поправка на коловозот.

Објаснуваат дека тоа е последица на обилните дождови, наспроти опозицијата која обвинува за неквалитетна изведба на работите на патот кој е дел од коридорот 8, поради “коруптивни тендери на власта”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ