недела, 14 декември 2025

Трибина во Софија за целите на културната дипломатија, по повод 20 години од основањето на македонскиот КИЦ во Бугарија

Денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од неговото основање се одржува трибина на тема, „Стратешки цели и развој на културната дипломатија – улогата на културно-информативните центри“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Македонскиот културно-информативен центар во Софија, панелисти на трибината се директорите на македонските културно-информативни центри во Загреб, Белград, Истанбул и Софија: Мими Ѓоргоска Илиевска, Васко Шутаров, Диме Ратајкоски и Зоран Пејковски.

Трибината има за цел да иницира конструктивна дискусија за актуелната и идната улога на македонските културно-информативни центри во странство, со посебен акцент на нивниот придонес во унапредувањето на културната дипломатија, преку размена на искуства, предизвици и визии за развој.

Во рамките на трибината директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Зоран Пејковски на учесниците на трибината ќе им додели признанија и благодарници по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на македонскиот КИЦ во Софија.

Со оваа трибина ќе се даде значаен придонес за достоинствено одбележување на овој важен јубилеј и за заедничко обликување на идните насоки на македонската културна дипломатија, посочуваат од македонскиот КИЦ во Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ