четврток, 26 февруари 2026

Трибина: Ако води паметна политика, Македонија има можност за напредок

Малите држави во денешните тектонски геополитички промени се пред изборот дали ќе застанат до ЕУ или до САД. Македонија има можност не само да се прилагоди, туку и да напредува доколку води паметна и избалансирана политика. Потребно е да се зајакне регионалната соработка на Балканот преку конкретни проекти во енергетиката, транспортот и трговијата, со што ќе ја зголеми економската отпорност и ќе се позиционира Македонија како мост меѓу различните региони. Во однос на македонската економија, таа треба да биде адаптибилна на трендовите и доколку се понуди влез во Единствениот европски пазар, тоа треба да се прифати, се дел од заклучоците на учесниците на трибината „Геополитичките промени и Македонија – враќање на историјата“, организирана од Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорот Ивица Боцевски и поранешен заменик премиер за европски прашања, посочи дека за Македонија од најпрактичен аспект и од аспект на националниот интерес, европската интеграција останува единствената опција.

„Дали Македонија некогаш се обидела да води и поинаква политика? Не, но Македонија се обидела економски да се отвотри кон сите други земји во светот. Ова економско отворање се случуваше по 2008 година кога трката по слободни директни инвестиции по економски програми ја принуди Македонија драматично да се отвори кон светот. Македонија во тој период сакаше да се воспостави во оние точки на земјината топка каде што се води глобалната политика и глобалната економија. Со цел да ги испитаме нашите шанси, она што го дознавме како дипломатски претставници таму, е дека за тие земји ние сме интересни само како потенцијален дел на европскиот пазар. И како ништо друго. За нив ние сме само отскочна штица за другите компании да влезат на европскиот пазар“, рече Боцевски.

Според него, потребно е земјава да ја заокружи својата дипломатска мрежа во сите земји на Г-20 и на оние места каде се крои глобалната политика и глобалната економија. Тој го постави и прашањето дали, како и во која мерка промените на глобалниот поредок се одразуваат на македонската реалност и кој треба да биде домашниот одговор на новите предизвици.

Имајќи ги предвид индикаторите кои што укажуваат на траен развод помеѓу САД и ЕУ, според него, Македонија треба уште поцврсто да се вклучи во европските политички, економски и безбедносни структури.

Тој истакна дека „хаотичниот свет и глобализираната македонска нација создаваат потреба МНР да ја преобликува својата дипломатска мрежа и да биде присутна на сите точки каде што се крои актуелната глобална политика“.

„Ако на масата биде ставен влезот на Македонија на Единствениот економски пазар, тоа треба да се прифати и Македонија треба да го предвиди овој процес. Не треба да бидеме резервирани и не треба да заостануваме зад Унијата“, потенцира Боцевски.

Тој посочи дека во балканска регионална соработка владее огромна себичност, па Македонија треба да поведе иницијатива за оживување на ЦЕФТА, но и за изнаоѓање нов дух на регионалната соработка.

Кирил Миновски, поранешен министер за финансии, истакна дека геополитичките промени ја менуваат играта на светската економија, странските инвестиции опаѓаат, светот се затвора во економски блокови, а правилата на глобалната трговија сè повеќе се игнорираат.

Според него, малите и отворени економии, како македонската, се особено ранливи и истакна оти ни е потребна јасна, флексибилна и реална економска стратегија која ќе донесе одржлив раст, стабилност и подобар животен стандард.“

„Наша крајна цел е адаптирање на сите оние стандарди што се неопходни за да се обезбдеди влез во заедничкиот пазар, бидејќи тој нуди низа предности за малте економии од спект на можностите за извоз од аспект на можностите за трансформација на економијата, привлекувањео на инветиции. Меѓутоа она што е во моментот тренд е дека наспроти еден концепт што доминираше некаде од 90-те години во којшто по онаа уругвајска рунда преговори се одеше на еден концепт на глобална економија, се повеќе после ковид кризата, но и после војната во Украина гледаме еден концепт во којшто светот затвора во економски региони што воспоставуваат одредени стандарди“, рече Миновски.

Овие процеси, додаде, нужно ќе влијаат на нас и истите треба да ги следиме и прилагодуваме на начин којшто е можно поголема одржливост.

„Клучно за нас е да ги следиме сите овие промени да се адаптираме заради тоа што за мали економии, клучот е во адаптибилоста, ние не можеме да развиваме економија која е базирана на обем на масовни сили на производство, но можеме да бидеме побрзи од останатите и тука можеме да гледаме конкурентска предност во развојот на нашата економија, како од аспект на имплементација на технологии, зелена економија и сите оние трендови коишто во моментов доминираат во светот и во глобалната економија“, нагласи Миновски.

Раби Седрак, безбедносен аналитичар и директор на Институтот „Радика“, истакна дека во ваков свет, кој станува сè понестабилен и пофрагментиран, малите држави немаат луксуз да бидат пасивни, туку мора да водат проактивна, флексибилна и реална политика.

„Европската интеграција треба да остане како стратешки приоритет затоа што ги нуди економска стабилност и безбедност, но истовремено е неопходно да се диверзифицираат партнерствата преку соработка со сојузниците во НАТО и со нови економски центри на Блискиот Исток и во Азија, без загрозување на македонскиот суверенитет“, рече Седрак.

Според него, Македонија има можност не само да се прилагоди, туку и да напредува доколку води паметна и избалансирана политика. Потребно, рече Седрак, е да се зајакне регионалната соработка на Балканот преку конкретни проекти во енергетиката, транспортот и трговијата, со што ќе ја зголеми економската отпорност и ќе се позиционира Македонија како мост меѓу различните региони.

„Борбата против корупцијата, владеењето на правото и ефикасните институции се предуслов за секој стратешки успех. Паралелно со тоа, неопходни се инвестиции во одбрана и кибер-безбедност, како и развој на диверзифицирана економија базирана на иновации и продуктивни сектори. Само со силни институции и јасна стратегија Македонија може успешно да се позиционира во новата геополитичка реалност“, додаде Седрак.

Професорот Жидас Даскаловски истакна дека војната во Украина од 2022 година ги продлабочи поделбите, односно, многу земји избираат неутралност и балансирање наместо целосна поддршка на Западот.

„Дополнително, политизирањето на трговијата, враќањето на протекционизмот, преку царините, индустриските политики и геоекономската конкуренција доведоа до криза на глобализацијата. Имаме фрагментирање во ‘геоекономски блокови каде трговијата продолжува, но по нови геополитички линии. Самата Светска трговска организација (СТО) не е мртва, но е парализирана (блокиран Апелациски суд). Со Трамп САД води политика на националистички реализам, кој не мора да води кон либерална хегемонија. ЕУ се соочува со сериозни предизвици: стратешка зависност од САД во безбедноста, енергетска ранливост и ограничена автономија во фрагментираниот поредок. Стратешкиот „пивот“ на САД кон Азија ја намалува релевантноста на ЕУ, додека Русија и Кина промовираат евроазиски алтернативи. САД имаат интерес да спречат трајна коалиција Москва–Пекинг. Стратегијата кон Кина вклучува технолошко ограничување (чипови, AI), геоекономска изолација, спречување хегемонија во Азија и реструктурирање на глобализацијата во нивна полза“, рече Даскаловски.

Професорот Далибор Јовановски на трибината истакна дека светот се наоѓа на пресвртница и војната во Украина го забрза падот на либералниот поредок и отвори врата кон создавање на нов светски поредок.

„Но, како ќе изгледа тој нов поредок? Многу аналитичари и интелектуалци говорат дека следи период на поделба на светот на интересни сфери или пак на неминовен судир помеѓу САД и брзорастечката сила Кина. Во овие неколку години ЕУ го губи своето место во светската геополитика. Зависноста на ЕУ од САД се покажа како голема слабост на Унијата  во првата година од вториот мандат на претседателот Трамп. Тој води политика на заштита на американските интереси, но не и на оние на останатиот дел од веќе некогашниот т.н. Колективен Запад“, рече Јовановски.

Според него, малите држави како Македонија, во ваква ситуација мора да бидат исклучително внимателни во своето позиционирање, посебно во односите помеѓу ЕУ и Вашингтон, каде кризата околу Гренланд направи расцеп кој ќе остави сериозни последици, рече професорот Јовановски. 

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ