вторник, 24 март 2026

Три нови агрометеоролошки станици за земјоделците во општина Валандово

Со помош на апликацијата Agro Veda земјоделците од валандовскиот крај ќе може да добиваат навремени информации за тоа како да постапуваат со земјоделските култури, откако Општина Валандово денеска ги стави во функција своите агрометеоролошки станици. Според информациите од Општината, ќе функционираат три станици, во Валандово, Пирава и Удово, со што ќе се опфати најголемиот дел од земјоделските површини во општинскиот регион.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е конкретен резултат на пристапот со кој општината вложува во современи решенија и директна поддршка за земјоделците. Наместо земјоделците да се потпираат само на сопствената интуиција при носењето одлуки, сега на располагање се точни и навремени податоци од терен“, се вели во објавата на Општина Валандово.

Со апликацијата AgroVeda е предвидено да им се овозможи на земјоделците пристап до клучни агрометеоролошки параметри, како на пример, температура на воздухот, информација кога да се прска, односно како да се врши заштита на земјоделските култури, а посебно на лозарските по кои е познат Валандовскиот Регион.

Општинските власти најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат со активности што носат практична корист за земјоделците, а ќе бидат организирани и презентации на кои детално ќе се претстават можностите и начинот на користење на апликацијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ