недела, 1 февруари 2026

Три години затвор за потпалувачите на пожарот во Вардариште

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги осуди на по три години затвор тројцата обвинети за предизвикување на пожарот на депонијата Вардариште во Скопје. Ваквата одлука на судот доаѓа откако обвинетите пред судот признаа дека се виновни за пожарот.

 

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Сите тројца се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите со кое предизвикале опасност по здравјето на луѓето како и загадување на земјата и воздухот, со тоа што откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност. Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање на отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на Законот за животна средина, а со тоа предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на околината“, се наведува во пресудата на Кривичниот суд Скопје.

Ваквата одлука на судот доаѓа откако обвинетите признале дека се виновни за предизвикување на пожарот.

„Сите тројца се со семејства, неосудувани и невработени што се цени како олеснителна околност, додека тежината на кривичното дело и влијанието врз животната средина од кривичното дело се смета за отежнителна околност“, се наведува во одлуката на судот.

Пожарот на Вардариште беше директен повод жителите на општините Аеродром и Гази Баба да започнат со протести кои траат веќе 36 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ