Тие тврдат дека секој ден неподнослива смрдеа се провлекува во нивните домови од горењето на отпадот во Вардариште. Во топлиот септември принудени се да ги затворат прозорците, но и себеси во домовите. Од властите бараат еднаш засекогаш да се реши овој долгогодишен екоцид.

Родителите стравуваат за здравјето на своите деца од токсичноста на воздухот кој доаѓа од Вардариште.
Пред локалните избори, кандидатите за градоначалници најавуваат решенија за Вардариште. Сепак, жителите кои дојдоа на протестот велат дека и понатаму се задушуваат од празни ветувања.






