вторник, 20 јануари 2026

Тренчевска: „Безбеден град“ мора да има механизам за заштита на податоците од злоупотреби

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Безбеден град“, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска во гостување во емисијата „360 степени“.

Објавено на

часот

Сподели

Тренчевска нагласи дека загриженоста на СДСМ е отсуството на јасен механизам за контрола и надзор над системот „Безбеден град“.

„Надзорот над целиот овој систем на „сејф сити“ го нема во законот и тоа е едно прашање за кое мора да се разговара. Мора да има механизам за надзор и контрола. Вака како што е поставен системот не знаеме кој контролира, не знаеме дали ќе има злоупотреби. Кој го храни софтверот, кој го храни компјутерот- човечки фактор на крајот на краиштата“, рече Тренчевска

Таа додаде дека загриженоста постои и од аспект на политичка злоупотреба, особено имајќи го предвид начинот на кој владее ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ