„По дефектот на двата 400/110 киловолтни трансформатори во ТС Битола 2, кои се случија во јануари и јули 2024 година, новиот менаџмент на МЕПСО се соочи со голем ризик за енергетската стабилност во југозападниот регион. Договорот за набавка на трансформаторот е потпишан на 4 август 2023 година и досега не се реализирал со што била влошена состојбата на електроенергетската мрежа. Трансформаторот, првично наменет за ТС Дуброво, беше пренаменет за ТС Битола 2 заради итните потреби на регионот. Тимовите на МЕПСО работеа неуморно за да го управуваат сложениот транспорт на овој голем и критичен енергетски уред, кој сега е безбедно сместен во ТС Битола 2 и подготвен за монтажа“, велат од МЕПСО.

Нагласуваат дека со монтажата на новиот трансформатор во ТС Битола 2 ќе се стабилизира енергетската мрежа во Југозападна Македонија и значително ќе се намали ризикот од прекини во снабдувањето за време на критичните зимски месеци.






