вторник, 1 април 2025

Трајковска: Рамазан Бајрам е време кога тишината на душата зборува најгласно

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска денеска упати честитка до поглаварот на ИВЗ и до граѓаните од исламска вероисповед по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитуван Реис Ул Улема Шаќир Ефенди Фетаху, почитувани верници од муслиманска вероисповед. Во овие свети денови, кога завршува месецот на пост, молитва и духовно прочистување, дозволете ми Вам лично, од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам“, наведува Трајковска во честитката.

Таа нагласува дека Рамазан Бајрам е време кога тишината на душата зборува најгласно – за смиреноста, за силата на верата, за потребата да бидеме подобри луѓе.

„Нашата заедничка иднина се темели токму на тие вредности – да живееме едни со други, со отворено срце, со рака подадена во добро, со солидарност и разбирање, особено во тешките моменти. Да го негуваме соживотот кој генерации го негувале пред нас, во кој различностите нè збогатуваат, нè учат на трпение, на грижа и на искрено пријателство. Нека радоста на овој празник допре до секое семејство, до секое дете, до секое срце кое постело, се молело и се надевало. И нека нè потсети дека најголемата добрина е онаа што се прави во тишина, со чисто срце, токму како што вели Светиот Куран пред сè да се натпреваруваме во добри дела. Честит Бајрам!“, нагласува Трајковска во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ