петок, 5 декември 2025

Трајков: Владата го подобрува животот на младите за да ги задржи дома

Реалноста покажува дека младите не само во нашата земја, туку и во регионот се соочуваат со бариери и потешкотии на нивниот кариерен пат и во градењето на нивната визија за тоа дека сакаат да живеат во општество каде нивниот потенцијал ќе дојде до израз. Ова го истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Собрание на промоција на публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија”.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите ние, земјите од регионот делиме исти амбиции и исти желби, а тоа е што поскоро да се приклучиме на европското семејство, да ги подобриме состојбите дома и да донесеме подобар живот за сите нас. Но, делиме и исти стравови. А тие стравови доаѓаат преку гласот на младите.  Навистина е обесхрабрувачки кога ќе се слушне за се поприсутниот  евроскептицизам, кога ќе се дојде до податоците содржани во публикацијата за која зборуваме денеска, а кои покажуваат дека младите се плашат за својата иднина овде, дома, но истовремено со доза надеж дека еден ден и ние ќе станеме дел од Европа“, порача Трајков.

Таа нагласи дека Владата работи со младите и за младите бидејќи тие се сржта на општеството и нашата иднина. Потенцира дека вербата во нив и нивниот потенцијал и вештини е она што ги води напред и им дава сила смело да продолжат напред со реформите и со релизација на зацртаните планови за иднината.

„Се посветивме целосно во подобрување на животот на младите за да ги задржиме тука. Преземавме мерки за подобрување на нивното образование, преку олеснување во набавка на ИТ опрема, реновирањето на студентските домови, ги подобривме можностите за вработување на младите, а овозможивме и нивна поддршка во земјоделството. Фокусирани сме на целосна реализација на реформските процеси како дел од Реформската агенда, мораме да ги зајакнеме нашите институции, да ја подновиме патната и железничката инфраструктура, да ги модернизираме условите во болниците, во училиштата. Сакаме да ги стимулираме младите да останат овде. Заедно да го градиме европскиот живот тука, дома“, заклучи Трајков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ