недела, 14 декември 2025

Трајков: Треба да се искористат европските пари како стимул за развој на општините

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, која денеска беше во посета на Ресен, оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски, а го посети и Претор каде изврши увид во изградбата на системот за третман на отпадни води.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со градоначалникот, како што соопшти ресорното Министерство, заменик-министерката потенцирала дека добриот менаџмент е предуслов за економски силни општини, посочувајќи дека треба да се искористат европските средства со цел да се обезбеди просперитет и благосостојба за граѓаните. Ја нагласила и заложбата на Министерството и на Владата за стимулирање на развојот на општините преку поголема искористеност на европските фондови.

Системот за третман на отпадни води којшто го посетила заменик-министерката Трајков, е дел од проектот „Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливо земјоделство и туризам” финансиран преку програмата ЕУ за Преспа.

За проектот преку ИПА 2021 програмата се обезбедени 21,7 милиони евра, а предвидено е да се заврши до јуни 2027 година.

При посетата, заменик-министерката Трајков истакнала дека поддршката на ЕУ е драгоцена за секоја општина и дека Министерството за европски прашања е на располагање на општините и ги стимулира да аплицираат за ЕУ фондовите кои ќе овозможат забрзан развој и подобар живот во општините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ