На средбата, како што соопштија денеска од МЕП, била потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете земји, со акцент на унапредување на партнерството во процесот на европска интеграција.
Заменик-министерката Трајков ја истакнала посветеноста на Владата кон спроведување на реформската агенда и забрзувањата евроинтегративниот процес, нагласувајќи ја важноста од континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Од унгарска страна била изразена подготвеност за понатамошна експертска и институционална соработка, особено во делот на искористување на европските фондови, политиката на проширување и финансиската рамка на Европската Унија.
Соговорниците размениле мислења и за актуелните геополитички предизвици, при што била нагласена потребата од засилена регионална соработка и стабилност како предуслов за напредок на целиот регион кон членство во ЕУ.
Во рамки на средбата било договорено продлабочување на соработката преку размена на искуства и добри практики, како и интензивирања комуникацијата меѓу институциите во наредниот период.






