понеделник, 8 декември 2025
Meѓународен форум на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Tрајков: Младите треба да се слушаат и да се разберат

Историјата нѐ научила на нозе да ги дочекаме сите предизвици, бидејќи сфативме дека историјата треба да ја создаваме сами, би додала, со поддршка и од младите, изјави заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков која учествуваше на меѓународен форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025″, каде се обрати на панел посветен на улогата на младите во предизвиците на 21-от век.

Објавено на

часот

Сподели

Трајков имаше свое обраќање на темата „Трансформирање на Западен Балкан: од агенди за реформи до интеграција во ЕУ и колективен просперитет“.

„Затоа гласот на младите треба да се слуша. И да се разбере. Младите се нашата срж и нашата иднина. Затоа, треба да работиме заедно со нив и за нив. Владата која ја претставувам работи за младите. Бидејќи тие се двигатели на промените, двигатели на едно ново време, време кое заедно со нас, младите ќе го креираат“, порача заменик-министерката за европски прашања.

Таа потенцираше дека Владата е посветена на реформските процеси како дел од Реформската агенда со цел да се подобрат состојбите во земјава.

„Нашето заслужено место на европската маса нѐ чека. Докажавме и сѐ уште докажуваме дека работиме во интерес на граѓаните и во интерес на државата. Ние заслужуваме да сме дел од големото европско семејство. Тоа ни припаѓа, не само географски, туку и природно. Да се обединиме сите заедно околу оваа цел и да работиме оваа наша стратешка цел час поскоро да стане стварност. Тоа го должиме себеси, и на овие генерации кои тоа го очекуваат од нас,” заклучи Трајков.

Настанот е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на Меѓународниот сојуз на млади демократи, а свои обраќања имаа и премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, пратеници од македонското Собрание, високи државни претставници и претставници на младински сојузи од повеќе земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ