вторник, 13 јануари 2026

Трајков-Кавахара: Поддршка од Јапонија за економски развој на Македонија

Зајакнување на билатералните односи, мултилатералната соработка, патот на Македонија кон Европската Унија и помошта на Јапонија преку јапонската агенција за меѓународна соработка ЈICA, беа главните теми на денешниот разговор меѓу заменик-министерката за европски прашање Викторија Трајков со амбасадорката на Јапонија во Македонија, Сецуко Кавахара.

Објавено на

часот

Сподели

„Реформските процеси и регионалната стабилност остануваат наш врвен приоритет. Разговаравме и за можностите за продлабочување на економската и културната размена, кои се важен мост меѓу нашите народи. Убеденa сум дека преку заеднички иницијативи ќе придонесеме за поблиски врски и посилно партнерство”, рече заменик-министерката за европски прашања Трајков.

Амбасадорката Кавахара ја изрази поддршката на Јапонија за европската перспектива, продлабочување на соработката во културата како мост помеѓу двата народа, а воедно истакна подготвеност за натамошна соработка во различни области кои се од заеднички интерес на двете земји.

„Заедничкиот интерес за одржлив развој, иновации и култура го препознавме како поле со голем потенцијал за соработка. Во таа насока, се согласивме да продолжиме со дијалог и конкретни проекти што ќе донесат бенефит за граѓаните”, порача амбасадорката на Јапонија во земјава.

Оваа средба претставува нов поттик за понатамошно унапредување на пријателските односи меѓу Македонија и Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ