петок, 26 декември 2025

Трајчевски останува да биде директор на АВМУ уште 5 години

Зоран Трајчевски ќе ја раководи  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат.

Објавено на

часот

Сподели

Прес-службата на АВМУ попладнево соопшти дека Советот на ААВМУ денеска на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на оваа функција од 2014 година.

Трајчевски беше избран за директор на АВМУ на 12-та седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година, а претходно беше директор на Агенцијата за електронски комуникации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ