Според него, веќе се чувствуваат и економските придобивки од градежните активности зашто околу 60 отсто од изведувачите на изградбата на автопатите се локални компании, како и повеќе од 90 отсто од подизведувачите.
„Граѓаните заслужуваат да возат по модерни, брзи и безбедни патишта, патишта што значат заокружување на европската патна инфраструктура, перспективи, избор на економски просперитет“, наведува Трајановски.
На почетокот на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерите Александар Николоски, Изет Меџити и Љупчо Димовски, како и американската амбасадорката во земјава Анџела Агелер.