среда, 18 март 2026

Тошковски: Зајакнување на институционалната соработка за поефикасна заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша меморандум за соработка со Сојузот – Национален совет за родова рамноправност, претставуван од претседателката Савка Тодоровска, со цел унапредување на системот за заштита на жените од родово базирано насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Со меморандумот, како што информираат од МВР, се утврдува рамка за заедничко дејствување во насока на примена на европските стандарди преку зголемување на сензибилитетот и капацитетите на полициските службеници, унапредување на процедурите за постапување и обезбедување ефикасна и навремена заштита на жртвите, со посебен акцент на спречување нивна ревиктимизација.

„Наш приоритет е да изградиме систем, кој навремено, ефикасно и со целосно разбирање ќе одговори на потребите на жртвите на родово базирано насилство. Со оваа соработка вложуваме во знаење, стандарди и координација затоа што заштитата на жртвите не е само обврска, туку и наша заедничка одговорност како институции и како општество“, истакна министерот Тошковски.

Соработката опфаќа реализација на обуки, семинари, конференции и други активности насочени кон зајакнување на институционалниот одговор, како и воспоставување координиран пристап меѓу полицијата, здравствените установи, центрите за социјална работа, Јавното обвинителство и граѓанскиот сектор.

Во рамките на меморандумот ќе се работи и на унапредување на подзаконската регулатива и воспоставување унифицирани стандарди за постапување во сите фази на заштита на жртвите, како и на континуирана размена на искуства и најдобри практики.

Дополнително, Министерството ќе ја поддржи промоцијата на националната СОС-мобилна бесплатна линија 141-700 за жени жртви на семејно и родово базирано насилство преку своите комуникациски канали.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ