Одговорајќи на прашање што му го постави пратеникот Реџеп Исмаил, Тошковски уште еднаш напомена дека јавноста денес и тоа како може да направи разлика во постапувањата, во начинот како се спроведуваат сега и како се спроведувале изминатите години.
„Разликата е огромна од аспект на тоа како е постапувано во овој предмет, а како во другите трагедии каде загинаа 75 лица. И граѓаните прават разлика. Досега за три трагични случаи не е поднесена ниту една пријава од МВР и немало ниту еден осомничен. Сега МВР има поднесено четири кривични пријави против сите лица за кои во соработка со јавен обвинител е утврдена врска со настанот и има основи на сомнение. Првпат за министер, тројца градоначалници и неколку министри за економија има мерки за обебзедување присуство“, потенцира Тошковски.
Тој најави дека во вторник јавноста ќе види што се треба да се преземе за да имаме, како што рече, нормална држава.
„За жал, за девет месеци не можеме да го смениме она што е труло во изминатите 30 години, но можеме да покажеме разлика, дека навистина можело поинаку и тоа го покажуваме“, истакна Тошковски.
Исмаил рече дека не е задоволен од одговорот и оцени дека Тошковски треба да поднесе оставка.