сабота, 17 мај 2025

Тошковски во посета на Приштина: Следна фаза е имплементација на системот и на граничниот премин Јажинце-Глобочица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, на покана на неговиот косовски колега Џелал Свечла беше во работна посета во Приштина. Како што стои во соопштението од МВР, средбата била за евалуација на имплементацијата на системот „One Stop Shop“, кој беше пуштен минатата недела на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата беше за евалуација на имплементацијата на ‘One Stop Shop’ системот кој официјално беше пуштен минатата недела на граничниот премин ‘Блаце-Елез Хан’ како и за усогласување на идните чекори за дополнително зајакнување на прекуграничното поврзување“, рече Тошковски.

Следната фаза, додаваат, е имплементација на системот и на граничниот премин „Јажинце – Глобочица“, за кој, велат, треба да се реализира во следниот период.

„Следната фаза на оваа соработка е имплементација на системот и на граничниот премин ‘Јажинце-Глобочица’ кој треба да се реализира во следниот период. ‘One Stop Shop’ системот за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности, а за нашите две држави тоа е ново поглавје на поврзаност  со побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство“, вели Тошковски.

На средбата била разгледана и тековната соработка на двете министерства и полиции, како и можноста за нејзино унапредување во делот на размената на информации и борба со криминалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ