среда, 25 март 2026

Тошковски ветува осовременување на граничните премини, утре на договор во Белград

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин Табановце, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со својот српски колега Ивица Дачиќ одговараа на новинарско прашање за тоа кога ќе профункционираат едношалтерските системи на граничните премини, и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници, а по заедничката промоција на кампањата „Вози одморен“.

Објавено на

часот

Сподели

По промоцијата на кампањата, Тошковски замина за Белгард каде во рамки на работната посета на Србија, денеска ја посети македонската амбасада во Белград и оствари средба со амбасадорот Никола Тупанчески и вработените во амбасадата.

Утре министерот Тошковски ќе биде примен од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, по што во Палата Србија ќе има состанок со домаќинот, министерот Ивица Дачиќ.

Како што најавија од српското МВР, теми на состанокот се – борба против илегалната миграција и управување со границите, борба против организираниот криминал и корупцијата, учество на вежбата ЈУРОФАСТ и ИОМ во Охрид во октомври 2024 година, измени на Договорот и Протоколот за реадмисија – соработка во областа на обуката, размена на полициски службеници за време на туристичката сезона – мешани патроли, унапредување на соработката во областа на обуката на хеликоптерската единица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ