петок, 2 јануари 2026

Тошковски вети подобар проток на сообраќај за претстојната зимска сезона во Маврово

Посебен план за сообраќај ќе биде изготвен за претстојната зимска сезона во Маврово. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска при посетата на Маврово изјави дека планот ќе овозможи подобар проток на сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир, изјави Тошковски при посетата на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница.

При посетата на Полициското одделение Ростуше била разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди.

„Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар“, велат од МВР.

Во Полициската станица за граничен надзор Жировница било отворено и прашањето за дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на Општината, со цел да се обезбеди паркинг простор за жителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ