недела, 1 февруари 2026

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, од 120 илјади пред два месеци, денеска регистрирани само 500 прекршоци (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде денеска и официјално стартуваше системот за евиденција на прекршоците во сообраќајот. Како што информира МВР, Тошковски го оцени како успешен стартот на проектот, кој според него се одвива според планираните параметри и констатира дека граѓаните според очекуваното во огромен број ги почитувале сообраќајните правила.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35 отсто на територија на СВР Скопје и вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на четири“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.
Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа се поокажа дека и во Македонија можат да се имплементираат европските вредности, за разлика од претходно.
„Тој уште еднаш упати честитки до македонските граѓани за почитувањето на сообраќајните правила и изрази сигурност дека во иднина со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани“, се наведува во соопштението на МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ