„Во овој момент истрагата сè уште трае – се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство. Штом ќе има нови моменти јавноста ќе биде запознаена од страна на Јавното обвинителство за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина“, вели Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски беше прашан и за истрагите за опожарените возила низ државата, на што тој одговори дека во изминатиот период имало повеќе опожарени возила.
„Во однос на еден дел – истрагата е затворена, поднесани се обвиненија, а пак во однос на дел од постапктите коишто се водат во Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавно обвинителство се собираат докази, се постапува. Така што, за секој предмет за којшто има затворено истрага обезбедени се докази, истите се процесирани и се надевам дека најбрзо што може ќе се постапи од страна на судовите и ќе се донесат осудителни пресуди за сите оние коишто сториле таков тип на злодело“, изјави Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски денеска во Штип присуствува на 14-то Годишно собрание на ИПА-Македонија, кое е од меѓународен карактер. Забележа дека очекува членовите на Меѓународното полициско здружение-ИПА Македонија ќе разменат искуствата, идеи и програми со гостите кои денеска се во Штип, а сè со цел како подобро да соработуваат меѓу себе и како да придонесат во општеството со сите нивни активности.
Претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков истакна дека ова меѓународно здружение е формирано во 1950, а во нашата земја е основано во 2011 година. Членовите се активни, пензионирани и поранешни припадници на МВР, Агенцијата за национална безбедност, Финансиската полиција, ОТА и членови на други безбедносни институции во Македонија.