четврток, 19 февруари 2026

Тошковски: Приведени се 10 лица во случајот со запленетата марихуана

Денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица кои биле поврзани со произведената дрога марихуана која беше запленета во Србија, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за ТВ21.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на денешниот ден се поднесат кривични пријави до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во притвор, а овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведената дрога“, рече Тошковски.

Попладнево лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за дел од нив е определена мерка притвор. Осомничени се дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија за Србија.

„Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, рече министерот Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ