сабота, 20 декември 2025
Од Граничниот премин Табановце

Тошковски: Со Уан стоп системот ќе имаме неколкукратно намалено време на чекање

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари значајна работна посета на Граничниот премин Табановце, каде што лично се увери во функционалноста на новоимплементираниот Уан стоп систем за заеднички гранични проверки.

Објавено на

часот

Сподели

Овој модел овозможува интегрирање на прегледите на двете страни од границата, што значително го забрзува протокот на патници и стоки, со елиминирање на двојните проверки и минимизирање на времето на чекање.

„Во месец август 2024 година на овој граничен премин сме имале 1.247.747 патници, а оваа 2025 година дури 1.602.939. Времето на чекање во 2024 година беше од 3 до 4 часа во шпиц, а оваа година со имплементираниот Уан стоп систем е намалено на 30 минути до 1 час. Тоа значи дека имаме зголемување од 29% на бројот на патници и истовремено неколкукратно намалено време на чекање“, истакна министерот Тошковски.

По посетата на границата, министерот Тошковски ја посети и Секторот за внатрешни работи Куманово, каде заедно со раководството разговараше за безбедносната состојба во регионот.

„Состојбата е стабилна и мирна, а бројките укажуваат на зголемена откривачка дејност во областа на економскиот криминал и значително намалување на сообраќајните незгоди со жртви. Со ставање во функција на системот Сејф сити Куманово е меѓу првите три града каде што очекуваме значително зголемување и на сообраќајната безбедност и во областа на јавниот ред и мир. Потврдивме и дека полицијата е целосно подготвена да ги гарантира демократските и фер избори на претстојните изборни процеси“, потенцираше министерот Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ