недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Тошковски: Над 90% од капацитетите на МВР се ангажирани за изборниот процес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово изјави дека гласањето на локалните избори започнало на сите избирачки места низ државата и дека повеќе од  90 проценти од капацитетите на МВР се ангажирани за обезбедување на изборниот процес, со засилено присуство на терен, особено околу „жешките точки“ каде што се очекува поголема фреквенција на граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори“, рече Тошковски.

Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки места, вклучително и во едно мало село во општина Прилеп каде што имало кратко доцнење.

Во врска со изборниот молк, Тошковски посочи дека вчера биле евидентирани четири настани со потенцијални прекршувања, за кои се преземаат соодветни истражни дејствија.

„Очекувам денот да продолжи во мирна и демократска атмосфера и ги повикувам сите граѓани да го искористат своето право на глас и да ја дефинираат иднината на своите локални заедници“, порача министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ