четврток, 12 февруари 2026
Министерсот за внатрешни работи на средба со амбасадорката

Тошковски ќе излезе во пресрет за сѐ што е потребно за помош и поддршка на Украина

На средба со амбасадорката на Украина техничкиот министер за внатрешни работи вети дека ќе излезе во пресрет на сѐ што е потребно за помош и поддршка на Украина. Амбасадорката побара да се заложи за побврзо издавање на лични карти за заштита на украинските државјани.

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир денеска остварила средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши, на која Тошковски изразил безрезервна поддршка на Украина за целокупната состојба во која се наоѓа земјата.

„Во однос на сите барања од страна на Амбасадата на Украина за техничко-материјална поддршка и помош, министерот Тошковски истакна дека стои на располагање со најава дека ќе се излезе во пресрет за сѐ што е потребно во таа насока.

Амбасадорката Дир се заблагодари за досегашната успешна соработка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Воедно, побара поддршка и помош за издавање на лични карти за привремена заштита на украинските државјани кои престојуваат тука согласно Одлука на Владата од 25.07.2023 година за давање привремена заштита на лица од Украина“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ